Дома Фудбал Готово е: Закажани се лекарски прегледи, го напушта Леверкузен и потпишува за европски гигант

Готово е: Закажани се лекарски прегледи, го напушта Леверкузен и потпишува за европски гигант

Германскиот дефанзивец Јонатан Тах зимата постигна договор со Барселона, но реши да се предомисли и ова лето да потпише за сосема друг клуб.

Тах неодамна објави дека го напушта Баер Леверкузен на крајот на оваа сезона и дека нема да го продолжи договорот иако „фармацевтите“ направија сè што можеа за да го задржат.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


На крајот германскиот дефанзивец порача дека едноставно сака нов предизвик во кариерата и изгледаше дека ќе си замине од Германија и ќе се проба во некоја друга лига.

Веќе месеци наназад Тах најмногу се поврзува со Барселона, а зимата се појавија информации дека веќе сè договорил со Каталонците и тоа откако Ханси Флик успеа да го убеди да дојде во Шпанија.

Иако се очекуваше Тах да потпише за Барселона, дојде до голем пресврт бидејќи се предомисли. Тах им порача на Каталонците дека нема да дојде бидејќи добил подобра понуда која за него во овој момент е попривлечна.

Овој дефанзивец наместо Барселона заминува за Минхен бидејќи договори повеќегодишен договор со Баерн, и во наредните денови сè ќе биде официјализирано.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…