Дома Фудбал Готово: Челзи договори засилување од 50 милиони евра!

Готово: Челзи договори засилување од 50 милиони евра!

Челзи оствари договор за трансфер на 17-годишниот португалски играч на крило Џовани Квенда од Спортинг КП.

И покрај тоа што интерес покажаа клубови како Манчестер Јунајтед, Ливерпул и ПСЖ, Квенда реши да се приклучи на Челзи поради клубскиот проект и долгорочните планови, а како што пренесува Фабрицио Романо, целата операција е изведена во тајност.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Според договорот, Квенда ќе остане во Спортинг до 2026 година, по што ќе му се приклучи на Челзи со седумгодишен договор, додека трансферот изнесува меѓу 45 и 50 милиони евра.

Квенда е роден во Гвинеја-Бисау, а кариерата ја започна во Португалија, играјќи прво за Дамаиенсе У-10, потоа за Бенфикината младинска академија, пред да премине во Спортинг КП. Оваа сезона одигра 40 натпревари, постигна 2 гола и забележа 7 асистенции.

Може да игра на обете крила, а може да покрие и позиција на десен крилен бек. Овој трансфер се вклопува во стратегијата на Челзи за вложување во млади таленти за да изгради конкурентен тим за иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти збесна: Зошто играме на секои три дена?

Само три дена по исцрпувачкиот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атл…