Дома Фудбал Готово: Белгија има нов селектор

Готово: Белгија има нов селектор

Белгискиот фудбалски сојуз го отпушти на 17 јануари селекторот Доменико Тедеско (39) по серијата на лоши резултати. Низ неколку недели се очекуваше дека Тедеско ќе добие отказ, особено затоа што не се појави на жрепката за квалификациските групи за Светското првенство 2026.

Нов селектор на Белгија е Французинот Руди Гарсија (60), за кого ова ќе биде прва селекторска работа во кариерата. Гарсија во својата кариера ги водеше Корбеј-Есон, Сент-Етјен, Дијон, Ле Ман, Лил, Рома, Марсеј, Лион, Ал-Наср и Наполи. Тој беше првак на Франција со Лил во 2011 година, а во 2011, 2013 и 2014 беше прогласен за најдобар француски тренер.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Да потсетиме, под водство на Тедеско, Белгија едвај се пласираше во осминафиналето на минатогодишното Европско првенство, додека во својата група во Лигата на нации заврши на трето место со една победа во шест натпревари. Тие резултати се во целосна спротивност со оние од почетокот на неговиот мандат, кој започна со 13 натпревари без пораз.

Падот во резултатите на белгиската репрезентација започна по конфликтот на Тедеско со првиот голман Тибо Куртоа, поради што голманот на Реал Мадрид одлучи веќе да не брани за репрезентацијата. Сега неговото враќање е многу можно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aтракција на фудбалер на Партизан: Сам си ја намести топката на „ножички“ и погоди (Видео)

Партизан во Анталија го одигра последниот тест пред продолжувањето на сезоната против полс…