Дома Фудбал Готово: Барселона познат точниот датум кога Барселона се враќа дома!

Готово: Барселона познат точниот датум кога Барселона се враќа дома!

Фудбалскиот клуб Барселона планира да се врати на стадионот Камп Ноу на 10 август, по две години реконструкција, објави претседателот на клубот Жоан Лапорта во телевизиско интервју.

Каталонскиот клуб ги играше домашните натпревари на Олимпискиот стадион во Барселона во текот на изведувањето на работите, а во меѓувреме освои титула во шпанската Ла Лига. Со реконструкцијата на Камп Ноу се планира да се зголеми капацитетот на 105.000 гледачи, што го прави најголемиот фудбалски стадион во Европа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Првичниот план беше Барселона да се врати на делумно завршениот стадион во ноември 2024 година, но во февруари клубот објави дека има надеж првите дуели да се играат веќе на крајот на оваа сезона, пред приближно 60.000 гледачи.

Во истото известување од февруари беше навестено дека проектот ќе биде комплетно завршен до крајот на сезоната 2025/26, кога се планира и поставување на покривот.

Камп Ноу е еден од можните кандидати за домаќин на финалето на Светското првенство во 2030 година, кое заеднички ќе го организираат Шпанија, Португалија и Мароко.

Сепак, како попребирливи кандидати за домаќин на финалето се спомнуваат обновениот стадион „Сантијаго Бернабеу” во Мадрид и идниот стадион со капацитет од 115.000 места кој е во план во Казабланка, во Мароко.

Фото: Barcelona FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ остана „осакатен“ за време на репрезентативната пауза – загуби две ѕвезди!

Репрезентативната пауза се покажа како најскапа за Пари Сен Жермен. Францускиот шампион ос…