Дома Фудбал Готово: Барселона донесе одлука за Рашфорд!

Готово: Барселона донесе одлука за Рашфорд!

Од летово, Маркус Рашфорд официјално ќе биде играч на Барселона, затоа што клубот одлучи да го откупи неговиот договор.

Англискиот напаѓач минатото лето дојде на Камп Ноу на позајмица од Манчестер Јунајтед, откако поранешниот тренер Рубен Аморим го отпиша.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со неодамнешното отпуштање на Аморим, постоеше можност Рашфорд да се врати на Олд Трафорд. Сепак, според информациите од Goal.com, каталонскиот клуб нема намери да дозволи тоа да се случи.

За потсетување, Барселона ја обезбеди позајмицата на Рашфорд со опција за трајно откупување за 30 милиони евра. Минатиот месец, на гласање, членството на клубот го поддржа неговото останување со 54.6 проценти.

И самиот Рашфорд неколкупати изрази задоволство од престојот во Барселона, па затоа и финализацијата на откупот на неговиот договор е само прашање на време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…