Дома Останати Ракомет Голот на Хосни кој му ја донесе титулата на Пелистер во Суперкупот (Видео)

Голот на Хосни кој му ја донесе титулата на Пелистер во Суперкупот (Видео)

Ракометарите на Пелистер го освоија трофејот од Суперкупот на Македонија, совладувајќи го големиот ривал Вардар со 28-27 во спектакуларен и неизвесен дуел.

Финалето се одигра во вистинска ракометна атмосфера и понуди неизвесност до последната секунда. Клучниот момент се случи во самиот финиш, кога при нерешен резултат тренерот на битолчани побара тајм-аут. По осмислената акција, Усама Хосни презеде одговорност и ја затресе мрежата на Вардар, носејќи ерупција од радост во таборот на „зелено-белите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вардар имаше уште неколку секунди за последен напад и можност за реми, но одбраната на Пелистер издржа и славјето можеше да започне.

Фото: RK Eurofarm Pelister

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар поразен во финишот, Пелистер со драматична победа го освои Суперкупот

Актуелниот шампион Пелистер стигна до нов трофеј откако во возбудлив натпревар го совлада …