Дома Фудбал Голманот на Трабзон сакаше да изведе пенал, не му дозволија соиграчите и противниците (Видео)

Голманот на Трабзон сакаше да изведе пенал, не му дозволија соиграчите и противниците (Видео)

Голманот на турскиот Трабзонспор Угурджан Чакир посакал да изведе пенал на натпреварот од 20-то коло на Суперлигата против Сивасспор, но бил спречен од домашните и гостинските фудбалери.

Един Вишќа во 46. минута избори казнен удар, а Чакир веднаш тргна кон противничкиот казнен простор со намера да го изведе.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сепак, тренерот на домашните Шенол Гунеш, заедно со останатите играчи на теренот од двата тима, не му дозволија, па голманот на Трабзон му ја препушти изведбата на пеналот на Симон Банза.

Но, Банза не успеа да го претвори во погодок, а што се случуваше на споменатиот натпревар може да погледнете во видеото кое се наоѓа во текстот.

По натпреварот беше откриено зошто турскиот голман посакал да изведе казнен удар.

Имено, Чакир пред натпреварот со Сивасспор добил ќерка и сакал да постигне гол на овој натпревар и да го посвети на неа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…