
Ждрепката што денеска се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија донесе судир на „вечните ривали“ Вардар и Пелистер, кои ќе се соочат на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје уште во првото коло. Покрај оваа класика, вистински фудбалски жар се очекува и на дуелот меѓу бранителот на титулата, Шкендија, и амбициозниот Шкупи.
Првото коло нуди интересни пресметки и на останатите терени: Тиквеш ќе го пречека Работнички, Башкими ќе се соочи со дебитантот Арсими, Струга ќе се сретне со Македонија Ѓорче Петров, а Силекс ќе излезе на мегдан со Брера.
Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Оваа сезона ќе биде и последна во сегашниот формат со 12 тимови. Од следната натпреварувачка година, елитната лига ќе брои 10 екипи, потег што, според најавите, има за цел да го крене квалитетот на натпреварите и да внесе поголема конкуренција.
Арсими е единствениот дебитант сезонава и со тоа за првпат ќе се натпреварува на највисоко ниво во македонскиот фудбал.