Дома Фудбал Големи вести за Реал. Англиската ѕвезда на прагот на потпис за кралскиот клуб

Големи вести за Реал. Англиската ѕвезда на прагот на потпис за кралскиот клуб

ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (26) е на чекор од трансфер во Реал Мадрид. Англискиот репрезентативец скоро сигурно заминува од Ливерпул на крајот на сезоната, а само е прашање на момент кога преминот во Реал ќе стане официјален.

Германскиот Скај Спорт известува дека Реал е многу близу до договор со Александар-Арнолд и дека самиот играч е склон кон премин во мадридскиот клуб.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Александар-Арнолд би се придружил на Реал откако ќе му истече договорот во јуни оваа година. Тоа би била одлична зделка за Реал бидејќи според Tрансфермаркт, вредноста на Англичанецот е 75 милиони евра, а нема да мораат да платат оштета на Ливерпул, кој би можел да доживее катастрофа бидејќи се блиску до заминување Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах.

Александар-Арнолд одигра 349 натпревари за Ливерпул, постигна 22 голови и 87 пати асистираше. Помина низ академијата на Ливерпул и брзо се наметна како еден од најдобрите десни бекови во Премиер лигата. Познат е по своите извонредни технички вештини, прецизни центаршутови и способност за постигнување голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти има сериозни проблеми, може да заврши зад решетки!?

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти треба да се соочи со суд во Мадрид, обвинет за изма…