Дома Фудбал Големи вести од „Енфилд“: Арне Слот донел важна одлука

Големи вести од „Енфилд“: Арне Слот донел важна одлука

Еден од најдобрите новинари од Англија донесе вистинска бомба кога станува збор за плановите на Ливерпул за следното лето под Арне Слот.

Црвените завршија само две засилувања откако во клубот дојде Слот, а станува збор за Георги Мамардашвили, кој е голман, и крилниот фудбалер Федерико Киеза.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Киеза имаше споредна улога оваа сезона во Ливерпул, дел од вината за тоа се и повредите што ги имаше, додека Мамардашвили е на позајмица во Валенсија до следната сезона.

Наводно, причината зошто не трошеле многу е проблемот со финансиските средства, но и многу инвестираните пари во доведувањето на Доминик Собослаи, Алексис Мак Алистер и Рајан Гравенберч малку порано.

Сепак, се очекува следното лето Ливерпул да биде во одлична позиција кога станува збор за доведување нови играчи бидејќи не трошеле многу, но и бидејќи ќе заработат пари од Премиерлигата и од Лигата на шампионите.

Пред да започнат со засилувањата, имаат некои други работи што треба да ги решат, а се работи, секако, за нови договори за Виргил ван Дијк, Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд.

Уште една главоболка за Слот ќе биде доаѓањето на Мамардашвили откако ќе му заврши позајмицата во Валенсија.

Црвените веќе имаат два одлични голмани, а тоа се, секако, Алисон и Каоимин Келехер, и двајцата сакаат да бидат број еден и не сакаат да седат на клупата. Тешко е да се верува дека истото ќе го сака и Грузиецот кој моментално е на позајмица во Валенсија.

Новинарот Граеме Бејли тврди дека Мамардашвили и Келехер ќе мора да донесат голема одлука следното лето, исто како и Слот.

“Алисон ќе остане прв голман, а Мамардашвили речиси сигурно ќе оди на нова едногодишна позајмица.

Мамардашвили нема лесно да прифати да биде замена и да седи на клупата во годината кога се бори за своето место на Светското првенство.

Позајмицата е реална опција, а Ливерпул ќе го плаќа. Се разбира, сето ова ако Алисон остане во Ливерпул”, тврди Бејли.

Одличниот Мамардашвили има над 100 настапи во Ла Лига откако во 2021 година пристигна во Валенсија, а за Грузија одигра 27 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос со дебитантски гол го израдува Монтереј (Видео)

Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос, неодамна го пронајде својот нов пред…