![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-12-132136-850x491.jpg)
Искусниот напаѓач на Барселона Роберт Левандовски се договори за продолжување на соработката со овој клуб, објавија денес шпанските медиуми.
Одличниот Полјак оваа сезона постигна веќе 31 гол и има три асистенции на 33 натпревари во сите натпреварувања, а прв е стрелец во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Левандовски во својот договор има клаузула која би го продолжила автоматски договорот и за наредната сезона, доколку одигра половина од натпреварите оваа сезона најмалку едно полувреме.
Тој веројатно ќе го исполни тоа овој месец, но “Мундо Депортиво” објави дека челниците на Барселона и пред тој услов постигнале договор со Полјакот за продолжување на соработката.
Овој весник објави дека се претседателот Жоан Лапорта, спортскиот директор Деко и тренерот Ханси Флик се согласија за продолжување на соработката со Левандовски.
Популарниот Лева има 36 години, но сè уште игра фудбал на врвно ниво. Во Барса пристигна во 2022 година од Баерн, а пред гигантот од Минхен играше за Борусија од Дортмунд и Лех во татковината.
За селекцијата на Полска одигра 148 натпревари и постигна 82 гола.
Левандовски летоска одби понуди од Саудиска Арабија и често говореше дека сака да остане во Барселона и да игра фудбал на високо ниво колку што е можно подолго.