
Лина Ѓорческа ја забележа една од најголемите победи во својата кариера, откако на отворањето на турнирот во Самсун (Турција) успеа да ја совлада поранешната светска број еден, Каролина Плишкова.
Првата македонска рекетка одигра сигурно и борбено, особено во финишот на првиот сет кога со два последователни брејка и четири освоени гема по ред го отвори патот кон водство. И вториот сет го почна во висок ритам, освојувајќи четири од првите пет гема и до крајот умешно ја контролираше предноста.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Плишкова во јули 2017 година беше на врвот на ВТА-листата, во кариерата има 17 трофеи и заработка од 26 милиони долари, што ѝ дава уште поголема тежина на победата на Ѓорческа.
Во следната рунда, Македонката ќе игра против осмата носителка на турнирот, Романката Софија Костулас. Турнирот во Самсун се одржува за награден фонд од 115 илјади долари.