Дома Фудбал Голема драма во Англија: Сандерленд со пресврт и гол во 95. минута се врати во Премиер лигата.

Голема драма во Англија: Сандерленд со пресврт и гол во 95. минута се врати во Премиер лигата.

Сандерленд го обезбеди местото во Премиер лигата денес на „Вембли“!

Големо враќање за „црните мачки“, екипата на Сандерленд успеа да го сврти резултатот и со гол во дополнителното време се врати во највисокото ниво! Шефилд беше подобар противник денес, имаа неколку шанси, постигнаа и гол кој беше контроверзно поништен, веќе беа на прагот на 2:0 во неколку моменти, но на крајот – изгубија!

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Шефилд почна фуриозно во првото полувреме. Веќе во втората минута, Кифер Мур имаше извонредна шанса кога Патерсон успеа да одбрани и го најави спектаклот.

Шефилд беше тимот кој го диктираше темпото, се закануваа, додека Сандерленд никако не успеа да стигне до сериозна акција, а за прилики немаа на што да се надеваат.

Тогаш, во 25. минута, брилијантниот Густаво Хамер како брз воз минуваше по левата страна, во таа контра го забележа Кемпбел, му ја испрати топката со одлично додавање, а напаѓачот на Шефилд покажа дека е екстра талент, тресејќи ја мрежата за 1:0!

Само девет минути подоцна, повторно се затресе мрежата на Сандерленд, по корнерот, Бароус погоди од волеј, но се покажа дека еден од играчите на Шефилд му пречеше на Патерсон и дека беше во офсајд.

ВАР беше спас за „црните мачки“.

Голманот Патерсон се издигна до јунак на својот тим откако одбрани опасна шанса на противникот, а само неколку минути подоцна, дојде израмнувањето, како што редовно се случува кога не искористувате бројни можности.

Сандерленд израмни во 76. минута, тоа беше извонредно брза акција, Робертс му ја испрати топката на Мајенди кој шутираше искоса од десната страна и погоди за 1:1!

„Црните мачки“ имаа последен збор!

Во длабока надокнада, огромна шанса за Сандерленд, по грешката на напаѓачот на Шефилд, Ватсон ја презеде топката, се упати напред и погоди во аголот што беше доволно за овации – 1:2!

Фото: Sunderland FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Славјето во Неапол донесе и огромен хаос: 98 повредени, 10 грабежи, искршени автомобили…

Наполи синоќа го освои Скудетото и стана шампион на Италија, предизвикувајќи еуфорија на у…