Дома Фудбал Голема чест за најдобрата македонска судијка: Ќе суди во полуфинале на Копа Америка!

Голема чест за најдобрата македонска судијка: Ќе суди во полуфинале на Копа Америка!

Македонската судијка Ивана Пројковска ќе испише историја вечерва, откако доби исклучителна чест од јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ — да биде главен арбитар на едно од полуфиналните дербија на Копа Америка.

Пројковска ќе ја дели правдата на мечот меѓу фудбалските сили Аргентина и Колумбија, кој се игра вечерва во Квинто со почеток од 19 часот. Нејзини помошнички ќе бидат Џулиа Темпестили и Ирагарце Фернандез Есесумага.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа назначување е резултат на партнерството меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, кое овозможува размена на судијки на најголемите континентални натпреварувања.

Како дел од таа соработка, и бразилската арбитерка Едина Алвес Батиста доби можност да суди на полуфинале од Европското првенство, додека Пројковска ја претставува Европа на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Франк во Тотенхем за осум месеци и 38 натпревари си заработи богатство!

Тотенхем решија да го отпуштат тренерот Томас Френк по серија на лоши резултати, а последн…