
Неверојатен случај ја потресе светската атлетика ова лето и конечно беше официјализиран. Привремената суспензија за светската рекордерка во маратон сега е официјална. Рут Чепнгетич е суспендирана на три години поради позитивен тест на допинг, потврди Единицата за интегритет на Светската атлетика (AIU).
Една од најпознатите африкански тркачки на долги патеки и светска рекордерка во маратон беше позитивно тестирана на забранетиот диуретик хидрохлоротизиед во април, а во јули ѝ беше изречена привремена суспензија, која AIU ја практикува додека се водат истраги.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Хидрохлоротизиед се користи за прикривање на други недозволени средства, а Кенијката на почеток ги негираше обвинувањата. Тврдише дека никогаш не користела недозволени средства, но подоцна призна дека го користела лекот поради настинка два дена пред тестирањето, но и понатаму остана на ставот дека не знаела дека лекот содржи недозволени супстанци.
Со признавање на вината, првичната казна ѝ беше намалена од четири на три години. Резултатите што ги постигнала пред 14 март 2025 година нема да бидат избришани, додека сите останати ќе бидат анулирани. Оваа одлука веднаш стапува на сила, а суспензијата на трисет и едногодишната маратонка ќе истече во април 2028 година.
Сепак, тука не завршуваат проблемите за поранешната светска шампионка во маратон.
Од AIU потврдија дека истрагата е проширена со сомнеж дека Чепнгетич можеби била вклучена во подолготрајно користење на недозволени супстанци.
„Случајот за позитивниот тест на хидрохлоротизиед е затворен, но продолжуваме со истрагата за да откриеме дали имало други прекршоци“, рече челникот на AIU, Брет Клотир.
Минатата година, Чепнгетич го постави светскиот рекорд на маратон во Чикаго – 2:09.56.
Во изминатите неколку години, повеќе од 80 атлетичари од Кенија се суспендирани поради допинг.