Дома Фудбал Останато Голем шампион води борба за живот: Неговото тело сѐ уште не може да…

Голем шампион води борба за живот: Неговото тело сѐ уште не може да…

Поранешниот ММА борец Бен Аскрен веќе неколку дена се бори за својот живот во болница во Висконсин. Таму беше примен поради тешка воспаление на белите дробови, и беше во индуцирана кома, а лекарите сѐ уште се борат за неговиот живот.

Поранешната ММА ѕвезда Бен Аскрен води најтешка борба – животната. Пред 10 дена беше примен во болница поради тежок облик на воспаление на белите дробови и води се борба за неговиот живот.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Ситуацијата е подобрена во однос на случувањата од пред десеттина дена. Сепак, Бен е сѐ уште во критична состојба, иако ги отвора очите и реагира на стискање на рака.

Неговата сопруга Ејми денес објави новости за состојбата на Бен. Веројатно на ММА борецот ќе му биде потребна трансплантација на белите дробови.

„Одреден период не споделував информации за здравствената состојба на Бен, затоа што се надевав дека ќе се разбуди и самиот ќе одлучи што сака да сподели со вас”, вели Ејми и додава:

„Медиумите ме контактираа и побараа информации што можам да ги споделам, но повеќе сакам тоа да го направам лично.”

“Бен уште е на респиратор. Има добри и лоши денови. Кога се добри, успева да ги отвори очите и да стисне рака.”

„Неговото тело сѐ уште не може да издржи отстранување на седативите. Сѐ уште се молам за чудо со неговите бели дробови, но моментално започнуваат со процесот на проценка за трансплантација”, кажува Ејми.

Бен Аскрен имаше голема кариера во борењето и ММА. Беше еден од најдобрите борци во САД, а потоа во мешани боречки вештини беше шампион на Белатор и ONE Championship.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мекгрегор предизвика тотален хаос и брутално нокаутира човек (Видео)

Контроверзниот ирски ММА борец Конор МекГрегор направи нов скандал. Повторно се тепаше во …