
Еден од најстарите фудбалски клубови во Холандија, Витесе, успеа да извојува голема победа по одлуката на апелацискиот суд да му ја поништи претходната одлука за одземање на професионалната лиценца, што значи дека вториот најстар клуб во Холандија ќе го задржи професионалниот статус.
Ова понатаму значи дека Витесе ќе може да продолжи да се натпреварува на професионалната сцена во холандскиот фудбал. Претходно, беше одлучено лиценцата да биде одземена поради повторливо кршење на правилата за лиценцирање.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Судот смета дека во главната постапка што ја води Витесе одлуките на Комисијата за лиценцирање и Комисијата за жалби не можат да важат. Причината е што тие биле донесени под силен временски притисок и без потребното внимание. Такво внимание било неопходно, бидејќи санкцијата е најстрога можна мерка што може да му се изрече на еден професионален клуб“, стои во образложението..
Со ова Витесе ќе се натпреварува во втората холандска лига, но пред нив стои огромен предизвик, бидејќи многумина играчи го напуштија клубот како слободни фудбалери.