Дома Фудбал Голанот кој освои 11 трофеи за 107 минути игра, ја заврши кариерата

Голанот кој освои 11 трофеи за 107 минути игра, ја заврши кариерата

Поранешниот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, објави крај на својата кариера на 40-годишна возраст. Англичанецот помина шест години на “Етихад”, од кои првите две ги помина на позајмица, а од 2021 година беше привлечен со постојан трансфер од Дерби Каунти. За целото ова време, Карсон има само 107 одиграни минути за првиот тим на “граѓаните”. Сепак, освои дури 11 трофеи, што значи во просек по еден трофеј на 9,8 минути игра. Карсон го напушти клубот летово.

„По неверојатното патешествие помеѓу стативи, време е да ги закачам ракавиците. Фудбалот ми даде сè – сеќавања, пријателства и моменти што никогаш нема да ги заборавам. Благодарам на секој соиграч, тренер, фан и клуб што беше дел од моето патување. Беше чест за мене“, напиша Карсон на социјалните мрежи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ерлинг Холанд, Илкај Гундоган и Нејтан Аке се меѓу оние кои му честитаа на Карсон за неговата кариера. Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер, им се придружи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиол размислувал да се откаже од фудбалот и да започне со кошарка

Одбранбениот играч на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, откри дека во времето кога бил млади…