
Два плус два. Така Фелисијано Лопес, веројатно најдобриот шпански играч од стилот сервис-волеј во историјата, ги гледа фаворитите на овогодишниот Вимблдон. Првите двајца се Карлос Алкараз и Јаник Синер, освојувачот на последните две круни во Лондон и актуелниот број 1, а другите двајца се Новак Ѓоковиќ, со седум трофеи е најтрофејниот активен играч на најценетиот светски турнир, и Џек Дрејпер, новиот број 1 во домашниот тенис.
– Мислам дека Карлос и Јаник во овој момент се пред другите. Причината е што постои одреден јаз меѓу нив двајца и другите кандидати – објаснува Лопес за „Скајспорт“. – Новак и Џек им се најверојатно најблиски, а тревата е површина каде имаат реални шанси. Меѓутоа, како што Алкараз и Синер играат во последно време, не гледам никаква слабост во нивниот тенис.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Се разбира, едно од најважните прашања е дали Новак ќе освои 25-ти грен слем баш на Вимблдон. Со седум титули Ѓоковиќ е втор на вечната листа, заедно со Пит Сампрас и Вилијам Реншоу, но ова последниов го постигнал уште кон крајот на 19. век. Рекордер е Роџер Федерер со осум.
– Тешко е да се каже дали ова е последната шанса на Новак, бидејќи секогаш мора да бидете внимателни што кажувате за него. Вистина е дека сега нема нивото на Алкараз и Синер, особено во последните 18 месеци. Резултатите најдобро го кажуваат тоа, но како што играше против Јаник во Париз, ме изненади. Го притисна максимално. Разликата меѓу нив сè уште е голема, но ја гледам тревата како единствено место каде што може да постигне максимално ниво, бидејќи оваа подлога е поинаква од другите. Ѓоковиќ докажа дека може да се натпреварува со секого, но најголеми шанси ќе има на Вимблдон.
Фотографија: Принтскрин