Дома Останати Тенис Ѓоковиќ повраќаше на терен во мечот со Синер – но продолжи да се бори! (Видео)

Ѓоковиќ повраќаше на терен во мечот со Синер – но продолжи да се бори! (Видео)

Новак Ѓоковиќ моментално го игра својот полуфинален натпревар на Отвореното првенство на Австралија против Јаник Синер и сѐ уште се бори за пласман во финалето, и покрај значителните предизвици.

Синер влезе во натпреварот како голем фаворит и малкумина му даваа шанси на Ѓоковиќ, но засега Италијанецот води со 2:1 во сетови, додека Новак се наоѓа на патот кон освојување на четвртиот сет.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Моментот кој привлече многу внимание од фановите беше сцената за време на паузата меѓу гемовите, кога Ѓоковиќ, според сите изгледи, повраќаше на својата клупа.

Тоа тема ја обработуваат многу фанови и српските медиуми, бидејќи Ѓоковиќ го стави пешкирот на лицето, а потоа се забележаа неговите чудни движења со главата.

Кога го тргна пешкирот, побара од својот тим таблети, по што доби пакет. Ѓоковиќ ги испи, па можеше да го одигра осмиот гем од третиот сет и да го заврши во своја корист.

Инаку, утрово фановите сведочеа на идентична сцена за време на дуелот помеѓу Карлос Алкараз и Александер Зверев, каде што Шпанецот повраќаше на клупата. Тоа покажува колку се напорни натпреварите на првиот Гренд Слем од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка ја стави главата во кофа со мраз по финалето во Индијан Велс (Видео)

Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа по неверојатна борба во три сета и заврше…