Дома Останати Тенис Ѓоковиќ не го освои Ролан Гарос, но забележа скок на АТП-листата

Ѓоковиќ не го освои Ролан Гарос, но забележа скок на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ се наоѓа на петтото место на најновата АТП листа објавена по завршувањето на Ролан Гарос.

По полуфиналето на вториот грен слем во сезоната, Србинот напредуваше за едно место. Сега е на петтото место со 400 поени повеќе, односно вкупно 4.630 поени.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На прво место е Јаник Синер и покрај поразот во финалето со 10.880 поени. Шампионот од Париз, Карлос Алкарас е втор со 8.850, додека трет е Александар Зверев со 6.395 поени.

Четвртото место му припаѓа на Британецот Џек Дрејпер, голем скок до шестата позиција направи Лоренцо Музети со 4.560 поени. Топ 10 ги комплетираат Тејлор Фриц, Томи Пол, Холгер Руне и Алекс де Минор.

Фото: Novak Djokovic/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…