
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (38) пристигнува на турнирот во Индијан Велс со целосна подготвеност за натпреварување, по неговиот пласман во финалето на Австрелија опен, што дополнително ја потврдува неговата сила на најголемите тениски сцени во светот.
Во Мелбурн, Ѓоковиќ го победи двократниот носител на титула Јаник Синер во пет сетови, но во финалето беше совладан од број еден на светот Карлос Алкараз.
„Тоа беше неверојатен почеток на годината. Со оглед на тоа што не успеав да стигнам до финале на некој грен-слем уште од Вимблдон 2024 година и што минатата сезона на сите слемови губев или од Синер или од Алкараз, беше навистина посебно чувство да го победам Синер во еден од најепските мечеви што сум ги одиграл во последно време. Потоа имав уште еден одличен дуел со Карлос, кој на крајот сепак беше подобар“, изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата пред турнирот.Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Потенцира дека тоа било доволно за позитивен поттик.
„За мене тоа е феноменален резултат. Прво си докажав на себе, а потоа и на другите, дека сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво и да ги победувам тие момци. Мојата логика е, зошто да не продолжам понатаму додека во мене има оган, страст, квалитет и мотивација“, додаде српскиот тенисер.Петкратниот шампион на Индијан ќе се обиде да го надмине Роже Федерер по бројот на титули на ова натпреварување.
“Во текот на годините, навистина имав многу успех на овој турнир. Ова секогаш бил еден од моите омилени настани поради одличните временски услови, локацијата и близината до Лос Анџелес, еден од најубавите градови, како и поради историјата на самиот настан. Овде е вистински ‘тениски рај’, како што со право го нарекуваат”, изјави Ѓоковиќ.