
Новак Ѓоковиќ утре игра против Филип Мизолиќ во третиот круг на Ролан Гарос, а српскиот тенисер побара да го игра мечот против Австриецот во попладневен термин.
Причината е финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Интер кое е закажано за 21 часот.
Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Познато е дека Новак навива за Милан кога станува збор за интернационалната сцена, па можеби не зачудува одлуката да не навива за најголемиот ривал на “росонерите”.
„Ќе навивам за Пари Сен Жермен. Сигурно ќе го гледам тој дуел ако не морам да играм во тоа време”, кажа Ѓоковиќ синоќа по победата.
Артур Фис исто така најави дека би сакал да го избегне вечерниот термин, па организаторите ќе имаат полни раце работа при составувањето на утрешниот распоред.
Фото: Grok AI