Дома Фудбал Ѓокереш прифати трансфер во Англија – познати се деталите од договорот

Ѓокереш прифати трансфер во Англија – познати се деталите од договорот

Шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш е на чекор до премин во Арсенал, откако ги прифати личните услови и ја изрази својата желба токму „топчиите“ да бидат неговата следна дестинација.

Како што пренесуваат извори блиски до преговорите, напаѓачот веќе го прифатил петгодишниот договор, кој ќе важи до јуни 2030 година. Ѓокереш му ставил до знаење на својот актуелен клуб, Спортинг Лисабон, дека сака трансфер на „Емирати“ и нема намера да преговара со други клубови.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Разговорите помеѓу Арсенал и Спортинг се во завршна фаза, а се очекува официјалната потврда на трансферот да пристигне наскоро. Арсенал, под водство на Микел Артета, очигледно добива силно офанзивно засилување во трката за трофеи во новата сезона.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлегри едно засилување сигурно добива во јануари, Милан договори Колумбиец!

Масимилијано Алегри има амбициозна цел да се врати на голема врата оваа сезона, веќе пости…