
Сон Хјунг-Мин успеа да го освои својот прв трофеј со Тотнем кој толку долго го чекаа навивачите на лондонскиот клуб и наводно ова лето ќе го напушти клубот бидејќи има понуда која не може да ја одбие.
Скоро 20 години навивачите на Тотнем чекаа нивниот клуб да освои нов трофеј и тоа го постигнаа со победа над Манчестер Јунајтед со која ја освоија Европската лига.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Тоа беше и првиот трофеј кој Сон Хјунг-Мин го освои во дресот на Тотенхем за кој настапува веќе десет години.
Тој и Хари Кејн беа познати како „играчи со проклетство“ бидејќи не успеаја на Тотенхем да му донесат трофеј во било кое натпреварување, поради што англискиот напаѓач на крајот го напушти клубот пред две години и потпиша со Бајерн.
Кејн оваа сезона ги освои своите први трофеи во кариерата со Баерн, а тоа конечно го направи и Сон со Тотенхем и навивачите му веќе дадоа до знаење дека никогаш нема да му заборават што остана верен на клубот до крајот и не ги напушти како Кејн.
И покрај тоа, откако конечно ја почувствува сладоста на освојувањето на трофеј, изгледа дека Сон може да го напушти Тотенхем по десет години. Тој има договор со овој клуб уште една година, но англиските медиуми наведуваат дека добил понуда која тешко се одбива и сите шанси се дека овој 32-годишник заминува за Саудиска Арабија ова лето.
Фото: Принтскрин