
Менџерот на Њукасл, Еди Хау, денес говореше за иднината на Александер Исак во клубот.
Шведскиот напаѓач игра фантастична сезона, беше еден од најзаслужните за освојувањето на англискиот Лига куп, а Њукасл со него како главен играч е близу и до избор за Лигата на шампионите.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Затоа не чуди што привлече внимание на островските великани, па веќе со месеци се шпекулира дека Ливерпул и Арсенал го сакаат во своите редови.
Сепак, Хау не сака ни да размислува за тоа.
“Од моја перспектива, тој не е за продажба. Сакам да ја изградам екипата, сакам најсилен можен тим за следната сезона. Имаме многу на што да се радуваме, се надевам. Крајот на сезоната ќе биде пресуден за нас. Имаме силен тим и ако успееме да доведеме уште некои играчи за прв пат после неколку преодни рокови, тоа ќе направи огромна разлика за нас, така што тоа е на што сум фокусиран”, истакна Хау и додаде:
“Мислам дека Исак може уште повеќе да даде отколку што покажа во последните седмици, но работиме на тоа. Имаше мали проблеми со препоните кои го ограничија на тренинзите. Оваа недела тренираше без проблеми. Тој е играч кој ја прави разликата и ни е потребен на 100 проценти”, заклучи Хау.
Еди Хау со освојувањето на Лига купот стана првиот англиски тренер кој зел домашен трофеј уште од 2008 година.
Фото: Newcastle United/X