Дома Фудбал Гиганти застанаа во ред за Станковиќ: Арсенал, Тотенхем, Дортмунд…

Гиганти застанаа во ред за Станковиќ: Арсенал, Тотенхем, Дортмунд…

Српскиот репрезентативец го привлече вниманието на многу европски фудбалски великани, а неговото преминување во еден од најсилните клубови на Стариот континент се очекува во блиска иднина.

Талентираниот играч за врска е еден од најдобрите играчи на Бриж оваа сезона, што го потврди и со спектакуларниот гол во победата над Генк (5:3). Ова го загреа прашањето каде ќе ја продолжи кариерата во летото 2026 или 2027 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанската Газета напиша дека Интер внимателно ги следи настапите на производот на својата академија, кој летово замина кон Белгија во трансфер вреден 9.500.000 евра. Сепак, “нероазурите” вметнаа откупна клаузула за да се осигураат ако Александар “експлодира”, што токму и се случува. Ако се одлучат да го откупат наредното лето, неговата цена ќе биде 23.000.000 евра. Ако тоа го направат една година подоцна, ќе мора да издвојат 2.000.000 повеќе.

Меѓутоа, тимот од градот на модата не е единствениот заинтересиран. Синот на легендарниот Дејан го набљудуваат и Арсенал, Тотенхем, Њукасл, Борусија од Дортмунд и Бајер од Леверкузен. Многу се примамливи опции, но сонот на Станковиќ е да добие можност во Интер и со нив да освојува титули.

Овој 20-годишник оваа сезона одигра 30 натпревари за Бриж, со три гола и две асистенции. Дебитираше и за сениорскиот состав на Србија, со прв гол во националниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Лука Модриќ има „само“ 40 години, а ги руши сите рекорди

Толку многу е кажано со суперлативи за неповторливиот Лука Модриќ, но тој секогаш наоѓа уш…