Дома Фудбал Ги понижија со 10-0, а потоа Олисе го налути фудбалскиот свет со својата изјава (Видео)

Ги понижија со 10-0, а потоа Олисе го налути фудбалскиот свет со својата изјава (Видео)

Фудбалерите на Баерн вчера го декласираа Окланд Сити со дури 10:0 на стартот од Светското клупско првенство, а главна тема во јавноста е Мајкл Олисе, кој дури ни по натпреварот не покажа милост кон играчите на противничкиот клуб.

Беше јасно дека Окланд Сити е еден од аутсајдерите на ова натпреварување, бидејќи новозеландскиот клуб пристигна во Америка доста ослабен, со оглед на тоа дека некои од играчите не можеа да добијат слободно од своите примарни работни места, од кои живеат.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Поради тоа, Окланд е единствениот клуб кој не успеа да го пополни играчкиот кадар за ова натпреварување, што доволно зборува дека во Америка повеќе пристигнале како туристи отколку со натпреварувачка цел.

Тоа најдобро се виде на вчерашниот натпревар против Баерн, на којшто доживеаја еден од најтешките порази во својата историја.

Баварците немаа милост кон екипата од Нов Зеланд, на која на крајот ѝ постигнаа дури десет голови и славеа со 10:0.

Хет-трик на вчерашниот натпревар запиша Џамал Мусиала, а по два гола постигнаа Томас Милер, Кингсли Коман и Мајкл Олис, а на списокот стрелци се запиша и Саша Боеи.

Откако натпреварот заврши, во центарот на вниманието се најде токму Олис, кој застана пред камерите, а она што го кажа офанзивецот на германскиот гигант стана главна тема на фудбалската јавност.

„Прославивте неколку голови на почетокот, но како што продолжи натпреварот, сè помалку славевте. Дали се чувствувавте малку лошо за играчите на Окланд, затоа што сте многу посилни од нив?”, праша водителката.

“Не”, кусо одговори играчот на Баерн низ насмевка, не слутејќи дека ќе биде „разапнат“ на социјалните мрежи поради тоа.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата може да се повтори – Реал на чекор од нова аквизиција од Ливерпул?

Стратегијата на Реал Мадрид постојано се докажува како успешна.  Откако Мбапе пристигна на…