Дома Фудбал Германски клуб ја откажа турнејата во САД поради Трамп

Германски клуб ја откажа турнејата во САД поради Трамп

Германскиот прволигаш Вердер Бремен ја откажа планираната летна турнеја низ Соединетите Американски Држави, а како клучна причина ги наведе неодамнешните насилни инциденти во Минеаполис. Според управата, тие се “несоодветни со вредностите на клубот”, пишува францускиот „Л’Екип“. Тимот требаше да помине една недела во мај меѓу Минесота и Детроит и да одигра две пријателски натпревари, но планот никогаш не беше финализиран.

Турнејата беше откажана поради противење на емиграциските политики на администрацијата на Трамп. Ситуацијата ескалираше на крајот од јануари кога во Минеаполис, најголемиот град во Минесота, припадници на американската имиграциска служба убија две лица, Рене Гуд и Алекс Прети, што предизвика големи немири.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Генералниот директор на клубот, Клаус Филбри, беше јасен околу причините за откажувањето. “Две лица се убиени од силите на редот во државата Минесота. Играње во град опфатен со немири и каде што се пука на луѓе не одговара на вредностите на нашиот клуб. Тоа нема да се случи овде,” изјави Филбри за германски медиум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис претстави специјален дрес – направен е од портокал! (Видео)

Играчите на шпанскиот прволигаш Бетис ќе се истрчаат в сабота во зелено-белите дресови нап…