Дома Останати Кошарка Евробаскет Германија до ново злато на ЕП: Турција не си го оствари сонот и ќе се теши со сребро

Германија до ново злато на ЕП: Турција не си го оствари сонот и ќе се теши со сребро

Германската кошаркарска репрезентација испиша нова страница во својата историја, откако во едно драматично и возбудливо финале ја совлада Турција со 88-83 и се закити со своето второ европско злато.

Клучните моменти се случија во самиот финиш. Турција на почетокот на последната четвртина поведе со 76-71 и изгледаше дека е на чекор до историски успех. Но, Германците одиграа феноменална завршница – со сигурен напад и цврста одбрана ја стопија предноста на ривалот и со силна серија го свртеа мечот во своја корист. На крајот, славеа со 88-83 и ја кренаа шампионската титула.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Најефикасен во составот на Турција беше Шенѓун со 28 поени, а на спротивната страна блесна Бонга со 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Неверојатна грешка во НБА: Ова дури и во ракомет се чекори! (Видео)

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо синоќа одржа уште едно впечатливо шоу во НБА лигата, а …