
Капитенот на Борусија Дортмунд Нико Шлотербек ја донесе својата одлука – ако ја напушти германскиот клуб, ќе одлучи за трансфер во Реал Мадрид.
Германецот на лето влегува во последната година од договорот, и преговарањето за нов договор е замрзнато, бидејќи на масата има понуди од повеќе клубови. Во игра е и Реал Мадрид, и тоа е единствениот клуб кој би го натерал да ја напушти Борусија во моментов.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Според “Билд”, Борусија за неговиот трансфер ќе бара измеѓу 40.000.000 и 50.000.000 евра, иако неговиот договор завршува на лето 2027 година.
Во минатите месеци, неговото име се поврзуваше со Баерн Минхен и Барселона, а интерес пројавија и некои англиски клубови. Но, кога Реал Мадрид се покажа како заинтересиран, Германецот ги “исклучи” сите останати.
Реал Мадрид е решен да ја засили позицијата на стопер, бидејќи Антонио Рудигер и Давид Алаба на лето остануваат без договор, а Едер Милитао повторно има сериозни повреди.