Фуддбалерите на Манчестер Јунајтед загубија со 2:0 од Њукасл на „Олд Трафорд“.
Во најинтересниот премиерлигашки натпревар на вечерта, Њукасл веќе имаше предност од 2:0 по 20 минути фудбал, а тоа го постигна со головите на Александар Исак и Џолинтон.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим се обиде брзо да реагира, а во 33. минута наместо Зиркзе го внесе Коби Мајно, но тоа не донесе никаква промена. Њукасл на тој начин ја постигна петтата последователна победа во сите натпреварувања, додека Јунајтед го претрпе четвртиот последователен пораз.
Гери Невил смета дека Јунајтед е најлошиот тим во Англија
Во студиото Скај Спортс, Гери Невил, поранешен фудбалер кој целата своја професионална кариера ја одигра во Јунајтед, даде свој коментар за она што го видел. Тој најпрво го прокоментира исвиркувањето од навивачите за Зиркзе. „Навистина ми е жал за него, навистина ми е. Знам дека заработува многу, но внатре е човек. И се потсмеваат со него.
Тоа е апсолутно брутално. Не сум го видел тоа премногу пати во 43-те години кога доаѓам на Олд Трафорд.
Тој оди директно низ тунелот и јас навистина не го обвинувам затоа што понекогаш е голема срамота. Не играше добро, да бидеме на чисто. Без разлика на тоа, вие го гледате најлошиот фудбалски тим во земјата“.