
Вистински шок ја погоди НБА лигата кога беше објавено дека Мајк Мелоун беше отпуштен од клупата на Денвер Нагетс. Тренерот кој го водеше Никола Јокиќ и тимот до историската прва титула, и кој со години беше симбол на стабилност и успех на франшизата, повеќе не е дел од тимот. Веста предизвика изненадување низ кошаркарскиот свет, бидејќи Мелоун се сметаше за еден од најпочитувани експерти во лигата.
Соопштението на Џош Кроенке, по повод заминувањето на Мајк Мелоун и Келвин Бат од Денвер Нагетс следува во продолжение.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Не сме задоволни бидејќи објавуваме дека го разрешивме Мајк Мелоун од должноста главен тренер, а одлуката важи од овој момент. Дејвид Аделман ја презема улогата на главен тренер до крајот на сезоната 2024/25.
Оваа одлука не беше донесена лесно – внимателно беше разгледана и донесена исклучиво со намера да му дадеме на нашиот тим најдобра шанса да се бори за титулата шампион на НБА лигата во 2025 година и да донесе уште еден трофеј на Денвер и на нашите навивачи низ светот, рече тој.