Дома Фудбал „Ѓаволите“ шират страв и трепет низ Америка, Пакета режираше пресврт на Вест Хем (Видео)

„Ѓаволите“ шират страв и трепет низ Америка, Пакета режираше пресврт на Вест Хем (Видео)

Беа одиграни натпреварите од второто коло од летната серија на Премиер лигата. Манчестер Јунајтед забележа и втора победа, победувајќи го Борнмут со 4:1, додека Вест Хем беше подобар од Евертон со 2:1.

Ако утрото кажува како ќе биде денот, ова би можела да биде многу успешна сезона за Манчестер Јунајтед. Екипата на Рубен Аморим многу добро се прикажува на турнејата низ САД, а во Англија ќе се врати со трофеј од летната серија.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Со оглед на тоа што остварија и втора победа, практично се недостигливи коло пред крајот. Во дуелот меѓу двете екипи кои имаа по победа во првото коло, многу поубедливи беа Црвените ѓаволи. Борнмут беше совладан со 4:1 на „Солжер Филд“ во Чикаго.

Првото полувреме беше обележано од страна на Патрик Доргу. На почетокот во осмата минута му асистираше на сонародникот Расмус Хејлунд од Данска за 1:0. Потоа тој самиот постигна гол во 25. минута. На 3:0 зголеми Амад Диало во 53. минута, додека серијата голови на Манчестер Јунајтед ја затвори 19-годишниот Етан Вилијамс со гол во 72. минута за 4:0. Конечните 4:1 и почетниот гол за Борнмут беше дело на Матијас де Лигт, кој постигна автогол во 88. минута.

Во вториот дуел Вест Хем по пресврт го совлада Евертон со 2:1. Во главната улога беше Лукас Пакета. По водечкиот гол на Евертон преку Идриза Геј во 17. минута, Бразилецот донесе израмнување во 41. минута. За да во 64. минута асистира на Филкруг за 2:1 и прва победа на американската турнеја.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Добри вести од Баерн: Мусиала може да се врати на терен побрзо од очекуваното

На натпреварот помеѓу Баерн и Пари Сен-Жермен, Џамал Мусиала претрпе сериозна повреда по с…