Дома Фудбал Гасперини ја лансираше првата летна „бомба“ – поранешниот капитен на Милан пристигнува во Рома?

Гасперини ја лансираше првата летна „бомба“ – поранешниот капитен на Милан пристигнува во Рома?

Фудбалскиот клуб Рома сѐ поамбициозно влегува во наредната сезона, ангажирајќи го Џан Пјеро Гасперини за нов тренер и со промената на позицијата спортски директор покажува дека не ѝ недостига амбиција, а со тоа доаѓа и интересот за доведување на некогашниот капитен на Милан Френк Кеси.

Кеси веќе две сезони е дел од Ал Ахли и немаше намера да се врати во Европа во најзрелите играчки години, но интересот на Гасперини може да предизвика пресврт во неговата кариера, бидејќи тие двајцата соработуваа една сезона во фудбалскиот клуб Аталанта.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дека оваа информација не е без основа, потврдува познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, чии извори често се покажале како точни, иако Италијанецот истакнува дека не е сигурен колку Рома може да се израмни со Ал Ахли во однос на платата на Кеси.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ после се останува во Јувентус?

Душан Влаховиќ – ниту на небо, ниту на земјата. Така отприлика би можел да се опише …