Дома Фудбал Гасперини ги подгреа шпекулациите: Би ја преземал Рома

Гасперини ги подгреа шпекулациите: Би ја преземал Рома

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, изјави дека не би имал ништо против да ја преземе Рома, што ја подгреа шпекулацијата.

Клаудио Раниери до крајот на сезоната ќе ја води Рома, за која се врати од пензија за да му помогне на својот сакан клуб колку што е можно повеќе, но одлучи од јуни да биде само советник во управниот одбор, бидејќи смета дека за неговите години таа функција е поприкладна од онаа на тренер.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Поради ова, менаџерите на Вучицата веќе со месеци се во потрага по адекватен стручњак кој би го наследил Раниери.

Меѓу кандидатите за нов тренер на Рома се спомнува и Џан Пјеро Гасперини, кој изјави дека не би имал ништо против да го преземе тимот од главниот град на Италија.

„Рома? Кој не би сакал да биде тренер на Рома. Тоа е прекрасно место, необично, има извонредна публика. Би било извор на гордост, но тешко е да се предвиди што ќе се случи. Рома е како репрезентација, сите ја сакаат“, изјави Гасперини за „РАИ Спорт“.

Нема сомнение дека Гасперини, кој ја доби наградата за најдобар тренер во Италија, би бил одлично решение за клубот „џало-роси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул покажува интерес за Хари Кејн

Пресните информации од Германија јасно го осветлуваат шокантниот договор на Хари Кејн со Б…