
Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словачка.
Контролните мечеви ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Првиот дуел, Македонија и Словачка ќе го одиграат на 15. април со почеток во 16. часот.
Вториот тест натпревар на програмата е на 17. април со почеток во 13. часот.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Ерхан Селими за претстојните контролни натпревари со Словачка, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Давид Илоски – А.П. Брера
Онур Бешир – Шкендија
Павел Трајковски – Македонија Ѓ.П.
ОДБРАНА:
Златко Радески – Вардар
Абдулах Асани – Лунгби, Данска
Горазд Ристовски – Црвена Звезда, Србија
Давид Стојаноски – Браво, Словенија
Лука Атанасовски – Беласица
Андреј Мурџески – Вардар
Назиф Цека – Шкендија
Емир Шаботиќ – Вардар
СРЕДЕН РЕД:
Каменчо Андоновски – А.П. Брера
Кренар Хоти – Работнички
Марко Киш – Њу Старс
Албион Муслиу – Шкендија
Еди Митревски – Bentleigh Greens, Австралија
Бојан Затуроски – Охрид Лихнидос
Адмир Љатифи – Беса
Аритон Мехмед – Шкупи
НАПАД:
Стефан Маркоски – Сасвете, Хрватска
Хисар Али – Беса
Димитар Шаркоски – Победа
Игли Хасани – Работнички