Дома Фудбал ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС: Саудијците ќе ја купат Барселона за огромна сума?!

ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС: Саудијците ќе ја купат Барселона за огромна сума?!

Барселона во наредниот период би можела да го промени сопственикот и како последица да дојде до тектонски промени на фудбалскиот пазар.

Како што наведува Франсоа Галјардо, престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман подготвува целосна купопродажба на Барселона и подготвен е да понуди дури 10 милијарди евра за оваа инвестиција.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Илустративно, сегашниот долг на Барселона е 2,5 милијарди евра, кој така би исчезнал. Освен тоа, каталонскиот гигант би станал една од најпримамливите дестинации за сите играчи, па можеби повторно би можело да дојде до неочекуван пресврт во начинот на формирање на тимот, бидејќи последните години, поради долговите, повторно се насочи кон Ла масиа, познатата „фабрика“ на таленти, што не се покажа лошо.

Барселона го зазема првото место на табелата на шпанската Ла Лига со седум бодови и натпревар повеќе од Реал Мадрид, кој е следбеник. Во Лигата на шампиони не и оди најдобро, бидејќи е 15-та на табелата со 10 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брахим Дијаз се враќа во Милан

Брахим Дијаз се врати во Реал Мадрид и одигра солидни две сезони, но во последно време доб…