
Фудбалерот Лукас Акинс, кој во моментот ја отслужува затворската казна, беше вклучен на списокот на екипата на Мансфилд Таун за оваа сезона, што му отвора можност да продолжи со кариерата откако ќе биде пуштен на слобода, пишува bbc.com. Овој 36-годишен фудбалер во април започна 14-месечна затворска казна откако призна вина за предизвикување на смрт на велосипедист во невнимателна возачка несреќа во март 2022 година.
Се очекува Акiнс да биде пуштен на слобода откако ќе отслужи половина од казната, додека останатите седум месеци ќе ги помине на условна слобода. Ова значи дека искусниот напаѓач може да заигра за англискиот трета лига веќе пред Божиќ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Англиската Фудбалска Лига (ЕФЛ) објави списоци на екипи, со што се потврдува кои играчи се под договор и регистрирани за новата сезона. Иако се сметаше дека договорот на Акiнс истече на крајот од минатата сезона, неговото име на списокот изненади многу.
Уште во мај, Мансфилд изјавија дека “и натаму ја разгледуваат својата позиција” во врска со напаѓачот. На прашањето на BBC Sport за новонастанатата ситуација, клубот кусо изјави: “Клубот ќе ја преиспита позицијата на Лукас кога и ако биде пуштен од притвор и во овој момент нема да дава понатамошни коментари.”
Акiнс беше играч на Мансфилд и во време кога се случи трагичната несреќа пред повеќе од три години. Адријан Даниел (33) почина 10 дена откако во близина на Хадерсфилд го удри Мерцедес Г350 со кој управуваше Акiнс.
За време на судењето, Акiнс продолжи да игра за клубот сè до изрекувањето на пресудата. Само неколку часа откако на 4 март на Крунскиот суд во Лидс призна вина, започна натпревар во Лига еден.