Дома Фудбал Фудбалската јавност едногласна: Финалето во САД не смее да влијае во изборот за „Златната топка“!

Фудбалската јавност едногласна: Финалето во САД не смее да влијае во изборот за „Златната топка“!

Иако Пари Сен Жермен не го освои Светското клупско првенство, тоа не би требало да влијае на доделувањето на “Златната топка”, сметаат повеќето, но сепак постои и малцинство кое има поинакво мислење.

Повеќето од овие погледи доаѓаат од Каталонија. За некои тоа не е изненадување, бидејќи не само Каталонците туку и многу шпански извори ја поставуваат тезата дека Усман Дембеле не е толку сигурен кандидат за “Златна топка”. Иако би било неправедно наградата да не припадне нему или на некој од неговите соиграчи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Поразот од Челзи и сребрениот медал на Светското првенство не би требало да влијаат врз одлуката дали Дембеле е добитник, бидејќи ПСЖ ја освои Лигата на шампионите на сосема доминантен начин, како и сите домашни трофеи. Иако домашните трофеи повеќе се ценат во Барселона, а со тоа и во Шпанија, ПСЖ имаше успешна сезона.

Што се однесува до статистиката, Дембеле имаше извонредна сезона со 35 голови и 16 асистенции на 53 натпревари. Јамал постигна 18 голови и оствари 25 асистенции на 55 натпревари, но иако можеби прикажа поголема магија во својата игра, тоа не се смета за параметар при доделување на трофејот.

Ако се разгледа статистиката, пред Јамал стои неговиот соиграч Рафиња, кој постигна 34 голови и оствари 25 асистенции, а беше одличен во сите големи натпревари, особено во сите големи пресметки со Реал Мадрид и Интер во полуфиналето, но сепак го пропушти финалето.

Големо влијание врз играта на Пари Сен Жермен имаше и Витиња, исто како и Родри, кој како играч од средината на теренот успеа да биде прв на подиумот.

Сето на крај ја потврдува вистината дека не треба да постои дилема во однос на Дембеле, кој по сите параметри и по својот влог во играта на парижаните заслужува годинава да биде на подиумот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо ќе има за трошење: Реал Мадрид оствари огромна заработка!

Иако поразот на Реал Мадрид во полуфиналето на Светското првенство ја намали очекуваната з…