Дома Фудбал Фудбалска бајка во Шведска: Тим од 800 жители може да стане шампион!

Фудбалска бајка во Шведска: Тим од 800 жители може да стане шампион!

Неверојатна фудбалска приказна стигнува од Шведска, каде што на врвот во првенството се наоѓа Мјалби, клуб од село со помалку од 1.000 жители.

Нивното село Хелевик се наоѓа на брегот на Балтичкото Море, на самиот југ од земјата и има 813 жители.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Токму поради тоа се запишани во Гинисовата книга на рекорди како екипата од најмало место што игра во највисокото национално фудбалско ниво.

Интересно е што играат на стадионот Страндвален, кој се наоѓа во истото село и има капацитет од 6.500 гледачи.

Во моментот, Мјалби води со четири бодови предност над второпласираниот Хамарби.

До крајот на првенството остануваат уште 11 кола, и доколку ја задржат формата, ќе влезат во историјата како шампиони од најмалото место во елитата на шведскиот фудбал.

Во претстојното 20-то коло, кое се игра во недела, тие ќе играат на свој терен на Ѓургорден, а потоа ги очекува дуел со ГАИС. Двете екипи се наоѓаат на средината на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…