Дома Фудбал Фудбалот победи: Бетис го врати Антони, Јунајтед се надева на негов успех!

Фудбалот победи: Бетис го врати Антони, Јунајтед се надева на негов успех!

Реал Бетис и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за трансфер на бразилското крило Антони во пакет што изнесува 25.000.000 евра.

Дел од спогодбата вклучува клаузула од 50% од следната продажба, што значи дека Јунајтед ќе добие половина од профитот ако Бетис реши да го продаде во иднина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што пренесува Атлетик, трансферот беше „на пауза“ поради несогласувањата околу значителното намалување на платата што ќе треба да го прифати Антони при заминувањето од Олд Трафорд.

На крајот, Јунајтед нема да има дополнителни финансиски обврски кон играчот, што овозможи зделката да се заврши.

Антони веќе играше на позајмица во Бетис во втората половина од минатата сезона, при што блесна со девет гола и пет асистенции на 26 натпревари. Беше клучен играч во тимот на Мануел Пелегрини на патот кон финалето на Конференциската лига, каде што сепак беа поразени од Челси со 4:1.

Бразилецот пристигна на Олд Трафорд во летото 2022 година од Ајакс за дури 95.000.000 евра со можни бонуси, но никогаш целосно не го оправда големото вложување.

По солидната прва сезона, во која постигна осум гола и додаде три асистенции, Антони постепено го губеше местото во стартната постава, а минатата сезона ја заврши со само три гола во сите натпреварувања.

Во емотивно интервју, самиот играч призна дека за време на престојот во Англија се борел со мотивацијата и психолошкиот притисок, наведувајќи дека времето во Бетис „му ја врати желбата за фудбал“.

Неговото враќање сега претставува големо засилување за шпанскиот клуб, додека Јунајтед барем делумно ги намалува загубите од рекордниот трансфер од Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус не го откупи Колу Муани, па Фрнцузинот заврши во Премиер лигата!

Тотенхем постигнаа договор со Пари Сен Жермен за директен едногодишен заем на напаѓачот Ра…