Дома Фудбал Фудбалерот од средниот ред донел конечна одлука: Сака да си замина од Манчестер јунајтед!

Фудбалерот од средниот ред донел конечна одлука: Сака да си замина од Манчестер јунајтед!

Веќе на крајот на летото постоеше навестување за ова, но сега е дефинитивно. Коби Мејнo има желба да го напушти Манчестер Јунајтед.

Талентираниот фудбалер за врска не добива доволно минути и време на теренот како што тој посакува. Поради ова, неговото незадоволство се зголемува и сега ја известил управата дека во јануари ќе бара нова средина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед не сакаше ова лето да го испрати на позајмица. Рубен Аморим истакна дека верува во Мејно и гледа голем потенцијал во него, но англискиот репрезентативец ретко добива шанса оваа сезона.

Во Премиер лигата тој има одиграно само 80 минути вкупно во првите пет натпревари, а на два од нив не влезе во игра. Единствениот натпревар што го одигра целосно беше во Лига купот против Гримзби кој Јунајтед го загуби

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Не разбирам како работите меѓу Реал и Алонсо брзо се распаднаа“

Поранешниот тренер на Виљареал, Хавиер Калјеја, зборуваше за „As“ пред натпреварот на овој…