Дома Фудбал Фудбалерот на Милан по седум години се врати во репрезентацијата на Англија

Фудбалерот на Милан по седум години се врати во репрезентацијата на Англија

Англискиот фудбалер Рубен Лофтус-Чик (29) повторно е повикан во националниот тим за квалификациите за Светското првенство 2026 против Андора и Србија, седум години откако последен пат го облече репрезентативниот дрес, информирaше британските медиуми.

Средниот играч на Милан има 10 настапи за Англија, а последен пат играше за репрезентацијата во ноември 2018 година против Соединетите Американски Држави. Селекторот Томас Тухел добро го познава Лофтус-Чик, бидејќи претходно го тренираше во Челзи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На англискиот тим му се придружува и дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џарел Кванса (22), кој е повикан по повредата на Адам Вортон во победата на Кристал Палас над Астон Вила (3:0). Вортон има повреда на препоните и ќе мора да паузира.

Кванса, кој летово пристигна во Баер од Ливерпул за 35 милиони фунти, беше дел од англискиот тим до 21 година, кој во јуни го освои Европското првенство. Тој веќе беше на првиот список на Тухел во март, но сè уште го чека своето деби за сениорскиот состав.

Англија, во сабота на 6 септември, ја пречекува Андора, а три дена подоцна патува во Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо доживеа неочекувано понижување: Погледни само колку години има

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, во 40-тата година, игра за саудискиот А…