Дома Фудбал Фудбалерите до 19 години ќе одиграат два натпревари со Албанија, селекторот го објави списокот

Фудбалерите до 19 години ќе одиграат два натпревари со Албанија, селекторот го објави списокот

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија.

Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Првиот дуел овие две репрезентации ќе го одиграат на 21. март со почеток во 15. часот.

Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 години, Ерхан Селими за претстојните натпревари со Албанија, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Давид Илоски   А.П. Брера

Александар Балев   Пелистер

Павел Трајковски   Македонија Ѓ.П.

ОДБРАНА:

Златко Радески   Вардар

Абдулах Аслани   Лунгби, Данска

Горазд Ристовски   Црвена Звезда, Србија

Давид Стојановски   Браво, Словенија

Лука Атанасовски   Беласица

Андреј Мурџески   Вардар

Назиф Цека   Шкендија

Игор Ристов   А.П. Брера

Емир Шаботиќ   Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Каменчо Андоновски   А.П. Брера

Луан Реџепи   Конкордиа Базел, Швајцарија

Ариф Локи   ХБ Коге, Данска

Албион Муслиу   Шкендија

Јасин Рушани   Хамбург, Германија

Игли Хасани   Работнички

Бојан Затуроски   Охрид Лихнидос

Адмир Љатифи   Беса

НАПАД:

Стефан Младеновски   Црвена Звезда, Србија

Хисар Али   Беса

Анастас Арнаудовски   Вараждин, Хрватска

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 19 години беше денеска, во 8:30 часот пред Фудбалската федерација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватска ја совлада Франција, Германија со пресврт во Милано

Во првиот 1/4 финален натпревар на Лигата на нациите, Хрватска тримуфираше над Франција со…