Дома Фудбал Фудбалерите ќе играат со црни дресови како знак на почит кон починатите во Кочани

Фудбалерите ќе играат со црни дресови како знак на почит кон починатите во Кочани

Македонската фудбалска репрезентација овој викенд ќе ги започне квалификациите за Светското првенство 2026 година, а првиот предизвик ќе го има против селекцијата на Лихтенштајн, која на хартија важи за аутсајдер.

Нашите репрезентативци заедно со стручниот штаб веќе пристигнаа во Вадуц, каде ќе се одигра воведниот натпревар. Сепак, подготовките и атмосферата во тимот се далеку од вообичаената натпреварувачка еуфорија. Целокупната делегација е под силно влијание на трагедијата што ја потресе Македонија, по катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани, кој однесе 59 човечки животи и остави десетици повредени.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во знак на почит и солидарност кон настраданите и нивните семејства, македонските фудбалери одлучија овој меч да го одиграат во црни дресови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И Ерлинг Халанд има срце: Се чувствувам лошо за Собослај

Со својот гол од пенал во продолжението, Ерлинг Халанд го донесе триумфот на Манчестер Сит…