
Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски на натпреварот меѓу Железничар и Слога Добој во четвртфиналето од Куп на Босна и Херцеговина. Македонскиот фудбалер го напушти теренот со тешка повреда, а првичните информации од босанските медиуми говорат за скршеница на ногата и подолга пауза надвор од терените.
Инцидентот се случил по остар старт на Никола Мандиќ од редовите на Слога. Иако ситуацијата изгледала крајно ризична, главниот судија не покажа ниту жолт картон, а изостанала и реакција од ВАР-собата. Според локалните извештаи, од повторените снимки можело јасно да се забележи дека станува збор за тежок и опасен старт со сериозни последици.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Цветаноски остана да лежи на тревникот во болки, по што медицинските служби експресно реагираа. Тој беше изнесен од игра и со возило на Итната медицинска помош веднаш транспортиран во болница, каде го очекуваат дополнителни прегледи и официјална дијагноза.
Останува да се види колку ќе трае неговото закрепнување, но според првичните најави, паузата нема да биде кратка.