
Ова лето во Реал Мадрид пристигнаа неколку нови играчи, а еден од нив е младиот Дин Хујсен кој сега даде интересна изјава.
Во Реал Мадрид ова лето се случија многу промени и за мадридскиот клуб доаѓа нова ера.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Првата промена беше на тренерската позиција, каде што легендарниот Карло Анчелоти го замени Хаби Алонсо.
Што се однесува до играчкиот кадар, во кралскиот клуб пристигнаа Трент Александер-Арнолд, Франко Мастантуано, Дин Хујсен, Алваро Карерас…
Хујсен минатата сезона „експлодираше“ во дресот на Борнмут, што му донесе трансфер во Реал Мадрид.
Мадридистите мораа да издвојат околу 60 милиони евра за неговите услуги и тој веднаш стана играч на првата постава.
Во досегашните три кола од шпанската Ла Лига во новата сезона, тој мина максимални 270 минути на теренот и имаше добри настапи.
Освен што е стандарден во клубот, станува стандарден и во репрезентацијата на Шпанија, и на последниот меч на Црвената фурија (против Бугарија) одигра сите 90 минути.
Сега младиот стопер одлучи да открие детали од собирот на неговата репрезентација и кажа дека играчите на Барселона го „закачуваат“.
Причината за тоа е што одбрал Реал Мадрид, но целото тоа „закачување“ е секако на пријателска основа. Хујсен сега одлучи да им одговори.
„Во националниот тим, некои соиграчи ми велат дека добро сум одбрал што сум го избрал Реал Мадрид. Од друга страна, играчите на Барселона ме ‘закачуваат’ поради тоа, но ќе разговараме на Ел Класико“, порача Хујсен.