Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, во изјава за интернет-страницата на ФФМ истакна дека очекува фудбалски спектакл кој долго ќе се прераскажува, фер и отворена фудбалска игра и, пред сѐ, многу голови. „Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија навистина се гордеам што успеавме во спроведувањето на активностите за организација на УЕФА Суперкупот Скопје 2017. Напорно работевме изминативе …


