УЕФА денес објави дека поради непочитување на анти-допинг правилата кази ќе добијат двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ минатата сезона ја завршија со победа во финалето на Лигата на Европа против Ајакс со што го освоија овој трофеј и така обезбедија директен пласман во Лигата на шампионите. Сепак, ова финале нема да остане во добро сеќавање на Дејли Блинд и Фил Џонс кои беа казнети поради непочитување на анти-допинг правилата.
После натпреварот одлучено беше Блинд и Џонс, како и уште неколку фудбалери на овој клуб да направат допинг тестови. Меѓутоа тие испратиле навреди кон допинг контролата.
Сето тоа на крајот беше пријавенo во УЕФА која одлучи да ги казни фудбалерите на Манчестер Јунајтед. Џонс заработи суспензија од два натпревари и казна од 5.000 евра, додека Блинд помина само со парична казна од истиот износ.